Роберт Амстердам ,Ѓулен човекот кој стои во позадината на обидот за воен удар во Турција

Роберт Амстердам е задолжен од страна на Турција за следење на меѓународнаото истражување на активностите на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО/ПДЈ во Америка

550827
Роберт Амстердам ,Ѓулен човекот кој стои во позадината на обидот за воен удар во Турција

За да имате претстава  кој е човекот кој што го планираше воениот удар во Турција треба да ги анализирате неговите училишта во Америка

Роберт Амстердам е задолжен од страна на Турција за следење на меѓународнаото истражување на активностите на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО/ПДЈ во Америка.

За многумина настаните кои што се случија во Турција ноќта на 15 -16 јули им личат на настани од лош акционен филм.Група пилоти одметната од регуларната турска армија запленуваат воени авиони и со нив летаат ниско над Анкара, ја бомбардираат зградата на парламентот, тенкови го блокираат висечкиот мост над Босфор во Истанбул, војници упаѓаат во телевизиските канали и прекинуваат емитување,а специјалци изведуваат акција за заробување на претседателот на државата.

Сето ова беше незамисливо за една 80 милионска држава членка на НАТО сојузот,но за жал овој напад на демократски избраните власти во земјата беше повеќе од вистина за конечно да резултира со 240 убиени и иљадници ранети. Факт кој што не ќе може толку лесно да се избрише уште долги години.

Човекот кој стои во позадината на сиве овие настани

Веднаш после обидот за воен удар директно беше обвинет Фетулах Ѓулен човекот кој што раководи со организацијата ФЕТО/ДПЈ од својот мирен дом во Сајлосрсбург Пенсилванија,што предизвика вистинско бранување во турско американските односи.

Турција веднаш издаде налог за апсење на Ѓулен и побара негова екстрадиција од САД.

Ѓулен го отфли обвинувањето, а  голем број негови истомисленици тврдат дека тој не би можел да биде мозокот на едно толку ниско дело.

Неговите адвокати отидоа уште подалеку тврдејќи дека Ѓулен не би можел да организира еден воен удар бидејќи најверојатно стално е следен од разузнавањето и дека тоа не би им измакло од нивните будни очи и уши.

Но доколку фрлите поглед на начинот на финансирањето на неговите над 150 училишта од страна на десетици параван компании ќе забележите дека зад оваа организираност стои еден мошне компликуван начин на функционирање.

Мојата адвокатска канцеларија беше ангажирана пред 7 месеци од страна на турската влада за следење на сомнителните и нелегални активности на овие образовни установи на Ѓулен во САД.Она што досега го откривме навистина е шокантно.

Активностите на Ѓулен

Нашите известувачи ни рекоа дека организацијата на Ѓулен е строго хиерархиски водена, дека директивите претежно се издаваат лично од страна на Ѓулен од неговата резиденција во Поконос Пенсилванија и тое директно, не посредно на состаноци на кои учествува самиот врв на организацијата.

На врвот на пирамидата се наоѓа самиот Ѓулен ,веднаш под него се наоѓаат 7 лица кои директивите ги пренесуваат до другите подрачни лидери наречени имами,од каде директивите одат најдолу до поединци, негови ученици и студенти. Во оваа хиерархиска скала се вовлечени и државни службеници, воени лица,бизнисмени, академици, и други профили на луѓе од сите категории.

Самиот Ѓулен ретко да зборува. Академик Џошуа Хендрик во својата книга „Ѓулен, магловита политика на пазарниот Ислам во Турција и светот“ пишува дека во фазата кога ја подготвувал книгата контактирал со еден следбеник на Ѓулен кој му рекол дека директивите доаѓаат од највисоко во заобиколена форма не директно како наредба.

Ѓулен секогаш вели:би било добро да се направи, а никогаш не вели „ова треба задолжително да се направи„ и слично. Неговите следбеници веднаш го прават тоа што тој го вели сметајќи дека тоа е многу важно.

Следбениците на Ѓулен на ваков начин отворија 55 бизниси во целиот свет и секоја година собираат милиони долари од разните финансиски фондови.Дел од тие пари ги искористија за отворање на голем едукативен центар во САД кој самиот себеси се финансира.

Нелегална трансакција на пари во американските училишта на Ѓулен

Едно такво училиште во САД е училиштето Магнолија во Калифорнија. Директорот на ова училиште бил фатен како на една компанија на Ѓулен му плаќа 700 000 долари годишно.Нешто потоа истиот тој директор седнува на челната позиција на истата таа компанија и станал мошне богат.Нешто потоа во контролата на компанијата ЛАУСД било утврдено дека таа му сервисира на Магнолија. Ваков начин на финансико работење било утврдено во сите училишта на Ѓулен во Америка.

Една државна контрола во Оклахома откри дека научната академија Боуви му платила 3,1 милион долари повеќе на сопственикот на земјиштето Ѓулен. Што било уште поинтересно раководниот одбор на Боуви бил идентичен според составот со раководниот одбор на компанијата сопственик на земјиштето.

Една друга контрола открила дека 175 000 долари биле уплатени на сметка на државното училиште Хармони во Тексас иаку ниту еден ученик од Боуви не учествувал на било кој конкурс на Хармони.

Слични вакви нелегални трансакции биле евидентирани и во помали училишта на Ѓулен во Америка. Моментално во САД се евидентирани 46 училишта на Ѓулен а идната година се предвидува отворање на уште 15,сите под чадорот на училиштето Хармони. Следбениците на Ѓулен кои постигнуваат добри резултати во учењето во подрачните училишта според хиерархија во знак на унапредување се испраќаат на понатамошно школување во училиштето Хармони.

Доста индикативно беше што училиштето Хармони кое инаку е државно училиште, неодамна плати 18 милиони долари како кауција за купување на земјиште за изградба на ново училиште на плац во сопственост на Ѓулен. Со овој плац менажира поранешниот директор за финансии на училиштето Хармони.

Њујорк Тајмс неодамна напиша дека градежната компанија Солидарити Констрактинг била раководена од страна на поранешен директор на училиштето Хармони. Компанијата солидарити Констрактинг истовремено склопила доста поволен договор вреден 8,2 милиони долари со училиштето Хармони кое тогаш само што било основано и било сосема ново. Овие групи на интереси негираат било какво поврзување со ФЕТО и покрај тоа што се менаџираат од страна на луѓе или асоцијации блиски до Ѓулен. Сето тоа може лесно да се документира со податоци од даночните броеви, документацијата на компаниите, другите документи во државните архиви па дури и со анализирање на документацијата на асоцијациите блиски до Ѓулен.

Овие личности и асоцијации кои соработуваат меѓусебе во мрежата на Ѓулен со сретствата од фондовите за едукација се богатат или самите себеси или сопствените компании.

Примерите спомнати погоре укажуваат на богатење идентично со  даноци платени на државата во висина од 28 милиони долари.Сепак сето ова го претставува само врвот на сантата мраз.

Според она што го тврди Њујорк Тајмс се поставува прашањето : дали овие училишта користат од фондовите на ФЕТО или од трговските договори на локалните асоцијации кои го поддржуваат Ѓуленовото учење?



Слични вести