Светската рекордерка Шахика Ерџумен изведе историско нуркање во смрзнувачките води на Антарктикот

Турската светска рекордерка во слободно нуркање Шахика Ерџумен го изведе своето прво слободно нуркање без боца во смрзнувачките води на Антарктикот и го запиша своето име во историјата

sahika ercumen.jpg
Türk bilim insanları Antartika'da 03.jpg
Türk bilim insanları Antartika'da 02.jpg
Türk bilim insanları Antartika'da 04.jpg
Türk bilim insanları Antartika'da 01.jpg

Турската спортистка репрезентативка, светска рекордерка во слободно нуркање Шахика Ерџумен, во рамките на Третата национална научна експедиција на Антарктикот, го изведе своето прво нуркање во смрзнувачките води на „Белиот континент“ и го запиша своето име во историјата.

Турската научна екипа ги започна своите истражувања и работи на Антарктикот каде што пристигна во рамките на Третата национална научна експедиција, а која инаку се реализира под покровителство на кабинетот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, со ингеренции на Министерството за индустрија и технологија и во координација на Центарот за истражувања на половите Ијг-Ар при Истанбулскиот технички универзитет (ИТУ).

 

Репрезентативката спортистка Шахика Ерџумен која пристигна на Антарктикот заедно со турските научници, овде на островот Кинг Џорџ, првата станица на екипата, го оствари своето прво слободно нуркање, без боца

Ерџумен од бродот за истражување каде што е сместена турската научна екипа во склопот на оваа научна експедиција, заедно со 6 члена екипа отплови кон длабоките води на Антарктикот со чамци Зодијак. 

По завршените подготовки Шахика Ерџумен го реализира своето прво нуркање без боца.

Турската спортистка репрезентативка, светска рекордерка во слободно нуркање Шахика Ерџумен во костим за нуркање, без специјална заштита од студ, изведе слободно нуркање во водите на Антарктикот каде што температурата на водата изнесува нула степени.

Нуркањето траеше две минути.

Инаку, кога станува збор за нуркањето Шахика Ерџумен оствари значајни достигнувања и подвизи во Турција, и сега како последно стана  првата турска спортистка која без боца се нурна во смрзнувачките води на Антарктикот и го развиори турското знаме.

Шахика Ерџумен на тој начин им помага на научниците во нивните истражувања на „Белиот континент“ кој важи за природна лабораторија, кога станува збор за климатските истражувања, геофизиката, биологијата и други научни гранки.

Таа им овозможи на научниците на Антарктикот да добијат примероци од седиментацијата на студените води на ледениот континент, во кои вкупно мина еден час.

Ерџумен изјави за екипата на Новинската агенција Анадолија (Anadolu Agency-AA) која исто така е дел од оваа научна мисија, дека ова е еден од најгордите моменти во нејзиниот живот и дека водата била исклучително студена.

На Антарктикот сме, нуркавме, знаејќи го тоа, но навистина станува збор за студ кој ги отежнува условите. И за нас ова е прво нуркање од таков вид. Но дури и симболичното виорење на знамето во рамките на научната мисија на Антарктикот, прави да заборавиме на студот и болката. Ние сме исклучително горди“, рече Ерџумен.

Таа воедно изрази надеж дека во согласност со временските услови, ќе има можност да нурка уште неколкупати.

Шахика Ерџумен истакна дека ќе стори сѐ што може да им помогне на турските научници во нивните истражувања овде и има се заблагодари на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и на министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк, поради тоа што ѝ овозможија да биде дел од научната мисија и да ја претставува својата земја.

Според Меѓународниот антарктички договор од 1959 година, со Антарктикот управуваат Научниот совет за антарктички истражувања (SCAR) и Советот на менаџери на националните програми за Антарктикот (COMNAP).

Турција е потписничка на Антарктичкиот договор, но без сопствена научна база. Таа засега има само статус на набљудувач на континентот, кој е предмет на голем број научни истражувања.

Со отворање и на своја научна база, Турција ќе добие статус на советодавна земја и ќе стане дел од механизмот кој одлучува за Антарктикот.

 



Слични вести