Турската научна екипа стапна нога на Антарктикот

Екипата составена од 17 членови пристигна на островот Кинг Џорџ на Антарктикот каде што ќе ги реализира своите истражувања во текот на 30 дена

Турската научна екипа стапна нога на Антарктикот

Турската екипа која тргна на пат во рамките на Третата национална научна мисија на Антарктикот, по долго патување стапна нога на белиот континент.

Екипата составена од 17 членови на 29 јануари тргна на пат од Истанбул и нејзина прва станица беше главниот град на Бразил, Сао Паоло.

Од Сао паоло екипата премина во главниот град на Чиле, Сантијаго, и оттука најпрвин пристигна во градот Пунта Аренас на југот на оваа земја, а потоа дојде до Пуерто Вилиамс.

Турската екипа по приближно 30 часовно патување пристигна во Пуерто Вилијамс каде што беше пречекана од страна на гувернерот на градот Хуан Хосе Аркос.

Во Пуерто Вилијамс, како најоддалечена точка на јужната Земјина полутопка, турскиот тим ноќеваше две ноќи, а потоа со патување со авион кое што траеше приближно 2 часа  пристигна на островот Кинг Џорџ на Антарктикот.

Потоа турската научна екипа со чамци Зодијак доплови до бродот за истражување „Бетанзос“ кој што е укотвен во близина на островот Конг Џорџ и каде што ќе ги реализира своите истражувања во текот на 30 дена.



Слични вести