Турција успешно тестираше бомба со надзвучна брзина во тест-центарот ХАБРАС

Во тест-центарот ХАБРАС во Карапинар во градот Конја е реализирано успешно тестирање на бомбата за општа намена МК-84 со надзвучна брзина, која успешно ја проби бетонската цел зајачена со челична арматура со дебелина од еден метар

Турција успешно тестираше бомба со надзвучна брзина во тест-центарот ХАБРАС

Турција фрли потпис на историски успех со извршеното тестирање на инфраструктурниот шински систем за динамичко тестирање на боеви глави (ХАБРАС).

Со учество и на министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк е извршено ново тестирање во тест-центарот ХАБРАС.

Брзината на движење по шината на бомбата за општа намена МК-84 со способност за делумно пробивање и заедно со санката носач тешка еден тон, достигна до приближно 1 и пол пати поголема брзина од онаа на звукот.

Бомбата за општа намена МК-84 се движеше со брзина од 1.850 километри на час и успешно ја проби поставената бетонска цел зајачена со челична арматура, со дебелина од еден метар.

Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк соопшти дека тестирањето е извршено успешно и рече: „Бевме сведоци на еден историски момент. Фрлено е потпис на уште еден значаен успех за нашата одбранбена индустрија.“

Тест-центарот ХАБРАС во Карапинар во градот Конја е изграден од страна на Институцијата за научни и технолошки истражувања на Турција (ТУБИТАК) за реализација на тестовите за динамичка ефикасност на националните системи на оружје, а свечено беше отворен на 31 октовмри од страна на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Овој тест-центар е наменет за тестирање на вооружените системи од домашно и национално производство во фаза на развој, тестирање на муниција пред да се започне со сериско производство, и тестирање на системи за оружје купени од странство.

Турција досега своите тестирања ги извршуваше во странски бази, т.ј. тест-центри.

Така тест-центарот ХАБРАС не само што ќе ги намали трошоците за тестирање (експерименти), туку ќе ја зачува и тајноста на оружјето кое што се развива.

 



Слични вести