Турција отвори здравствен центар во месноста Раџу кај Африн во Сирија

Во здравствениот центар лековите се издаваат бесплатно и му се пружа здравствена услуга на населението во месноста Раџу, без да оди во центарот на градот Африн во северниот дел на Сирија,

Турција отвори здравствен центар во месноста Раџу кај Африн во Сирија

Министертсвото за здравство на Турција во месноста Раџу во подрачјето на градот Африн во северниот дел на Сирија отвори здравствен центар кој дава бесплатна услуга.

Во здравствениот центар освен поликлиники за интерна медицина, стоматологија, гинекологија и детски болести, има и лабораторија за испитување на крв и аптека.

Во здравствениот центар лековите се издаваат бесплатно и му се пружа здравствена услуга на населението во месноста Раџу, без да оди во центарот на градот Африн.

Директорот на здравствениот центар Саад Ахмед истакна дека од Раџу до центарот на Африн се оди тешко и дека сега локалниот народ добива здравствена услуга на лице место во својот роден крај.

Велејќи дека сите одделенија во новоотворениот медицински центар се бесплатни, Саад Ахмед рече: „Им благодариме на турската влада и министерството за здравство. Ги спасија жителите на Раџу од тешкотиите со кои што се соочуваа.“

 



Слични вести