Привремено затворен Големиот хадронски колајдер

Судирачот на честички ќе биде затворен до пролет 2012 година со цел да се подобри интензитетот на зраците на честичките

Привремено затворен Големиот хадронски колајдер

Големиот хадронски колајдер кој беше изграден со цел да се остварат значајни физички истражувања и кој резултираше со откривањето на субатомската честичка „Хигсов бозон“, поради подобрување привремено беше затворен.

Според веста на списанието „LiveScience“, претходниот ден беше исклучен Големиот хадронски колајдер кој се наоѓа на 100 метри под земјата на француско-швајцарската граница.

Судирачот на честички ќе биде затворен до пролет 2012 година со цел да се подобри интензитетот на зраците на честичките.

Европската организација за нуклеарни истражувања (ЦЕРН) во Швајцарија соопшти дека привременото затворање ќе биде вториот долг молк за судирачот.

Во рамките на експериментите што беа извршени во Големиот хадронски колајдер, во март 2013 година беше откриена субатомската честичка Хигсов бозон, кој претставува најголема тајна од аспект на формирањето на универзумот.



Слични вести