Научници открија ѕвезда слична на Сонцето

Пресметано е дека новооткриената ѕвезда е оддалечена 184 милијарди светлосни години од нашата планета Земјата

Научници открија ѕвезда слична на Сонцето

Астрономите открија ѕвезда, оддалечена од Земјата 184 светлосни години, која многу личи на Сонцето.

Португалскиот Институт за астрофизика и вселенски науки составен од меѓународна екипа го истражуваше откривањето на „семејството на Сонцето“ во вселената.

Во рамките на истражувањето со помош на вселенската опсерваторија „Гаја“ на Европската вселенска агенција (ESA) беа истражувани хемискиот состав, движењето и староста на 17 илјади ѕвезди во Млечниот Пат.

Со спектрограф со висока резолуција за истражување на вселената беше откриено постоење на ѕвезда „близнак“ на Сонцето, стара 4,5 милијарди години, именувана како HD186302.

Пресметано е дека новооткриената ѕвезда е оддалечена 184 милијарди светлосни години од нашата планета Земјата.

За истражувањето се вели дека е од големо значење за добивање на информации за формирањето на Сонцето и другите ѕвезди.

Податоците од ова истражување се објавени во списанието „Astronomy and Astrophysics“.

 



Слични вести