Во Кина отворен првиот парк на вештачка интелигенција

Во рамките на паркот на вештачката интелигенција кој беше формиран во паркот Хаидиан се изложени беспилотни услужни возила, паметни светилки кои можат да снимаат човечки податоци и патени звучници кои можат да одговорат на прашањата на луѓето

Во Кина отворен првиот парк на вештачка интелигенција

По десетмесечна обнова на паркот на една општина на северот на Пекинг, во Кина беше отворен првиот тематски парк посветен на вештачката интелигенција.

Во рамките на паркот на вештачката интелигенција кој беше формиран во паркот Хаидиан се изложени беспилотни услужни возила, паметни светилки кои можат да снимаат човечки податоци и паметни звучници кои можат да одговорат на прашањата на луѓето.

Че Јиангуо од канцеларијата на паркот рече дека во 10 месечното обновување на паркот учествуваа 10 државни установи и компании.

Паркот беше подготвен врз основа на постигнатиот договор за заеднички истражувања меѓу управата на општината Хаидан и интернет компанијата Баиду за изградба на проектот „паметен град“.



Слични вести