Макетата на турското беспилотно летало Анка ќе биде изложена на саемот во Индонезија

ТУСАШ своите производи ќе ги промовира на Саемот Индо дифенс што ќе се одржи од 7 до 10 ноември во Џакарта

Макетата на турското беспилотно летало Анка ќе биде изложена на саемот во Индонезија

Макетата на турското беспилотно летало Анка кое беше дизајнирано од страна на турските инженери, ќе биде изложена на Саемот Индо дифенс што ќе започне на 7 ноември во Индонезија.

Турската компанија за воздухопловна и вселенска индустрија (ТУСАШ) своите производи ќе ги промовира на Саемот Индо дифенс што ќе се одржи од 7 до 10 ноември во Џакарта, главниот град на Индонезија.

Компанијата ТУСАШ како резултат на активностите што ги започна во регионот, со саемот уште повеќе ќе ги зајакне чекорите. ТУСАШ планира да ја зајакне соработката и билатералните односи со регионалните земји и Индонезија, вклучувајќи ги и универзитетите особено во сферата на одбраната и воздухопловството.



Слични вести