Приговор од Гугл против рекордната парична казна

ЕУ во 2016 година го обвини Гугл за доминација на пазарот со  посредство на оперативниот систем Андроид и прекршување на правилата на конкуренција

Приговор од Гугл против рекордната парична казна

Гугл поднесе приговор против рекордната казна на ЕУ од 4,3 милијарди евра поради злоупотреба на оперативниот систем Андроид за воспоставување хегемонија на  пазарот.

Гулг по повод рекордната казна која што Брисел и ја додели на оваа компанија во износ од 4,3 милиони долари поради непочитување на антимонополските закони, ќе поднесе приговор до Општиот суд на ЕУ кој важи за највисоката правна инстанца во рамките на Европскиот суд за правда.

ЕУ во 2016 година го обвини Гугл за доминација на пазарот со  посредство на оперативниот систем Андроид и прекршување на правилата на конкуренција.

Обвинението се засноваше на тоа што Гугл своите барања и другите различни имплементации на уредите ги нудеше инсталирани.

Европската комисија во јули усвои одлука за казнување на Гугл со рекордна парична казна од 4,3 милијарди евра поради воспоставување доминација на пазарот со посредство на оперативниот систем Андроид и злоупотреба на истиот кој се употребува во паметните телефони и таблетите

Оперативниот систем Андроид кој важи за најмногу употребуван систем во светот кај паметните телефони, претставува многу значаен извор на приходи за низа имплементации на Гугл.

Овластувањето за контрола на евентуални прекршувања на правилата на конкуренција меѓу компаниите во секторите во ЕУ е во рацете на Еврокомисијата.

Доколку Европската комисија утврди прекршување на правилата на конкуренција и антимонополските закони во одредени случаи, тогаш веднаш ја окончува таа состојба и на компаниите им изрекува високи парични казни.



Слични вести