Кина исфрли два сателити во орбитата

Сателитите кои влегоа во претходно одредената орбита, ќе се употребуваат за набљудување на електромагнетската средина и низа други технолошки тестови кои не беа образложени

Кина исфрли два сателити во орбитата

Кина исфрли два сателити за далечинска перцепција од серијата Јаоган-32.

Спроед веста на новинската агенција Ксинхуа, двата сателити близнаци од серијата Јаоган-32 беа исфрлени од Центарот за лансирање сателити  Џиучиен на северозападната страна на земјата со ракетата-носач Долг марш-2Ц.

Сателитите кои влегоа во претходно одредената орбита, ќе се употребуваат за набљудување на електромагнетската средина и низа други технолошки тестови кои не беа образложени.

Последното исфрлање на сателитите е 286 задача на ракетите од типот Долг марш-2Ц.

По САД и Русија, Кина како земја која се вклучи во натпреварот во вселената во последно време покажа голем подем. Со остварување на проектите сателити за далечинска перцепција и набљудување, глобално позиционирање и сателити за набљудување, изградба на постојани сателитски станици во орбитата, истражување на Месечината, извиднички активности на Марс и Јупитер во 2045 година планира да биде лидер на вселената.



Слични вести