Утре во Истанбул стартува првиот ТЕКНОФЕСТ на Турција

На фестивалот ќе бидат изложени последните технолошки достигнувања на Турција

Утре во Истанбул стартува првиот ТЕКНОФЕСТ на Турција

Утре стартува првиот фестивал на воздухопловството, вселенските и технолошки истражувања на Турција ТЕКНОФЕСТ.

На фестивалот ТЕКНОФЕСТ што ќе се одржи на новиот аеродром што се гради во Истанбул ќе учествуваат 518 екипи и околу 2 илјади ученици и студенти од целава земја.

На фестивалот ќе бидат изложени последните технолошки достигнувања на Турција.

Заменик претседателот на Управата за одбранбена индустрија Џелал Сами Туфекчи во изјавата за печатот рече дека значајно порасна стапката на домашно производство на Турција во одбранбената индустрија.

Халук Бајрактар членот на управниот одбор на Фондацијата Т3 и еден од организаторите на фестивалот потенцираше дека фестивалот ќе ја развие свеста за производите со висока додадена вредност.



Слични вести