Европската комисија ќе започне истрага против автомобилските произведувачи

Европската комисија соопшти дека започна официјална истрага против автомобилските произведувачи БМВ, Дајмлер и ВВ

Европската комисија ќе започне истрага против автомобилските произведувачи

Европската комисија поради сомнение дека џиновските компании како што се БМВ, Дајмлер и ВВ го спречувале развојот на технологиите за развој на чиста емисија на бензинските и нафтени автомобили, донесе одлука за започнување истрага.

Европската комисија соопшти дека започна официјална истрага против автомобилските произведувачи БМВ, Дајмлер и ВВ (Фолксваген, Ауди, Порше) за утврдување на тврдењата дали се обидувале да го спречат развојот на технологиите за чиста емисија кој настан се коси со конкурентноста.

Во соопштението беше истакнато дека на состаноците меѓу наведените автомобилски производители ќе се разгледаат можностите дали на истите биле усвоени одлуки за евентуално спречување на развојот и спроведувањето на технологиите за чиста емисија.

Овластувањето за контрола на конкурентноста во секторите во кои делуваат компаниите во ЕУ припаѓа на Еврокомисијата. Комисијата преку истрагите ги анализира и разгледува тврдењата за тоа дали постои анти-конкурентност. Во случај да се утврди евентуална анти-конкурентост, Европската комисија ја окончува оваа неправилност и компаниите ги казнува со високи парични казни.



Слични вести