ТУРКСАТ ќе учествува на најпрестижниот Саем на радиодифузерите ИБЦ 2018 во Амстердам

Во рамките на саемот се планира да се одржат низа средби и состаноци кои ќе допринесат кон зголемувањето на ефективноста на компанијата кон пазарните цели

ТУРКСАТ ќе учествува на најпрестижниот Саем на радиодифузерите ИБЦ 2018 во Амстердам

Според писменото соопштение кое беше објавено од страна на турското акционерско друштво за вселенски истражувањата ТУРКСАТ АШ, саемот ќе се отвори на 14 септември во Конгресниот и саемен центар РАИ во Амстердам.

На саемот ќе се промовираат сателитските активности на ТУРКСАТ, комуникациските сателити ТУРКСАТ 4А и ТУРКСАТ 4Б, новите комуникациски сателити ТУРКСАТ 5А и ТУРКСАТ 5Б.

Во рамките на саемот се планира да се одржат низа средби и состаноци кои ќе допринесат кон зголемувањето на ефективноста на компанијата кон пазарните цели.

Саемот ИБЦ ќе заврши на 18 септември 2018 вторник.

Во рамките на манифестацијата која се одржува секоја година и се прифаќа за една од најголемите во светот на радиодифузијата, се состануваат претставници на фотографскиот сектор, телевизиските технологии, професионалци експерти од аспект на содржината, производството, управата и дистрибуцијата.



Слични вести