Спејс икс лансираше комуникациски сателит во вселената

Комуникацискиот стаелит Телстар 18 Вантаџ беше лансиран со ракетата Фалкон 9 на компанијата Спејс икс од вселенската база Кејп Канаверал

Спејс икс лансираше комуникациски сателит во вселената

Американскиот произведувач на вселенски шатли и ракети, компанијата Спејс икс го лансираше комуникацискиот сателит Телстар 18 Вантаџ на канадскиот произведувач на сателити Телстат.

Според информацијата која беше објавена на веб страницата на компанијата „Space.com“ на интернет комуникацискиот стаелит беше лансиран со ракетата Фалкон 9 на компанијата Спејс икс од вселенската база Кејп Канаверал во американската сојузна држава Флорида.

Само 32 минути по лансирањето во вселената, сателитот беше поставен во орбитата, додека само 8 минути потоа ракетата Фалкон 9 слета на платформата на беспилотни бродови на Спејс икс во Атлантскиот океан.

Телстар 18 Вантаџ третиот дел на новата глобална сателитска мрежа на Телстат ќе обезбеди комуникациски услуги за широкопојасен интернет во Кина, Монголија и другите земји на азиско-пацифичкиот регион.



Слични вести