28 кг тежок тумор отстранет од материцата на една жена во Сингапур

Деталите во врска со случајот беа објавени во списанието „BMJ Case Reports“

28 кг тежок тумор отстранет од материцата на една жена во Сингапур

Во Сингапур од материцата на една жена беше отстранет џиновски фиброиден тумор тежок 28 кг.

53 годишната жена која тешко се движеше и се соочуваше со тешкотии при дишењето, беше оперирана.

Деталите во врска со случајот беа објавени во списанието „BMJ Case Reports“.

Д-р Пох Тинг Лим кој ја лекуваше жената рече дека за отстранување на туморот од широк 65 цм, бил применет методот на абдоминална хистеректомија. Во рамките на операцијата биле извадени материцата и јајниците.

По отстранувањето на туморот, абдоминалниот ѕид на жената беше поправен со пластична хирургија.



Слични вести