Американски научници произведоа вештачки клетки кои се борат против бактерии

Постои надеж произведените антибактеријални вештачки клетки кои се борат против бактерии во иднина да се користат во борбата против инфекциите отпорни на други лекувања

Американски научници произведоа вештачки клетки кои се борат против бактерии

Американски научници произведоа вештачи клетки кои во лабораториска средина се борат против бактерии.

Како што се истакнува вештачките клетки произведени во рамките на истражувањето чии резултати се објавени во списанието „ACS Applied Materials and Interfaces“ имитирале некои карактеристики на живите клетки и во лабораториска средина ја откривале бактеријата Е.коли и ја уништувале.

Вештачките клетки кои биле споредувани со „лего коцки“ на кои што личеле од страна на био-медицински експерти кои работеле на Универзитетот Калифорнија во САД биле произведени од липозоми. Животниот век на овие вештачки клетки бил кус и не можеле да се поделуваат.

Професор Чименг Тан водачот на истражувачката екипа вели: „Докажавме дека вештачките клетки можат да детектираат, да покажат реакција и да влезат во интеракција со бактеријата, истовремено да делуваат како системи кои со мошне мала зависност кон средината во која се наоѓаат можат да ја утврдат бактеријата и да ја убијат.“

Постои надеж антибактеријалните вештачки клетки во иднина да се користат во борбата против инфекциите отпорни на други лекувања.



Слични вести