Национални проекти за безбедност и одбрана 05-2018

Првиот национален систем за прецизно водење на Турција, ХГК-1

Национални проекти за безбедност и одбрана 05-2018

Во врска со прашањето ви го пренесуваме коментарот на директорот за едукација на Синдикатот Турк Харб-Иш Таркан Зенгин кој вели:

Додека Турција се обидува да ја воспостави својата национална безбедност против различните закани и води борба против терористичките организации, во одредени периоди е подложена на ембарга во оружје и муниција од страна на нејзините сојузници. Се изнесуваат различни изговори во употребата на одбранбените производи кои што ги купува со сопствени пари, меѓутоа Турција секоја криза што ја доживува во оваа смисла успева да ја претвори во можност. Нашите таканаречени созуници не сакаат да ни ги продаваат своите беспилотни летала, дронови, меѓутоа Турција која има потреба од овие беспилотни летала веќе почна да ги произведува самата. Нашите таканаречени созјуници не сакаат да ни продаваат беспилотни летала, дронови-камиказе, но Турција освен тоа што произведува за своите сопствени потреби е дојдена во положба на земја која им  продава беспилотни летала, дронови, и на другите земји. Откако нашите таканаречени сојузници почнаа да поставуваат препреки во однос на продажбата на умна т.ј. муниција со висока прецизност за нанесување директни удари JDAM (Џеј-Ди-Еј-Ем), односно системите за прецизно водење т.ј. чувствителните водени проектили, со кои што бомбите кои што се користат кај воените авиони се прават умни, односно добиваат висока прецизност на гаѓање, Турција започна со сериско производство на овие системи, кои претставуваат вид муниција.

Од стратешко значење е да се укине зависноста од надвор во овие видови умни муниции. На пример Америка располага со право за контрола во одредени периоди на умните муниции кои што и ги продава на Турција. Од муницијата што ја продава ја следи бројката на употребена и останата муниција. Најзначајно, располага со можност да утврди на кои координати се истрелани овие муниции. Со други зборови кажано, за време на борбата што ја води Турција против терористичките организации постои можност да се поставуваат препреки во однос на бројот и координатите во употребата на овие умни муниции кои што ги купуваме од САД. Дури имаше периоди кога САД не и продаваа умни муниции на Турција за да не би ги употребила против терористичките организации како ПКК и ПЈД. Затоа производството на умните муниции е од крајно значење во делувањето на Турција како независна земја.

Особено некои земји користат низа стратегии за да би спречиле Турција да ја национализира својата одбранбена индустрија. Понекогаш не ги продаваат своите одбранбени производи, понекогаш поставуваат препреки пред употребата на производите кои што ги продаваат, а понекогаш пак за да го спречат домашното производство нудат големи намаленија во цените на овие производи. Особено тогаш кога Турција ќе почне да развива сопствени одбранбени производи од кои што има потреба нудат големи намаленија во цените и го спречуваат развојот на тие производи. Едниот од тие видови обиди за спречување беше доживеан во производството на системите за прецизно водење, т.ј. чувствителните водени проектили ХГК-1.

Како беше спречено сериското производство на системите за прецизно водење ХГК-1

Турските воздушни сили во 2005 година ги започнаа активностите за да се спасат од зависноста од надвор во умните муниции. Властите во тој период ги издадоа потребните директиви за производство на умните муниции со сопствени национални можности. Со активностите кои што беа водени за кусо време во 2006 година започна производството на системот за прецизно водење. Меѓутоа по примерот на голем број претходни производи од нашите таканаречени сојузници почнаа да пристигнуваат потези за спречување на домашното производство на Турција.

Турција едно парче умна муниција со висока прецизност за нанесување директни удари JDAM (Џеј-Ди-Еј-Ем) која што содржи систем за прецизно водење, од која има потреба, од САД купуваше  за 120 илјади долари. Потоа Таа умна муницијата (систем за прецизно водење ХГК-1) во 2006 година ја произведе самата за 90 илјади долари. Згора на тоа кога ќе се преминеше кон сериско производство овие трошоци ќе опаднеа уште повеќе. Откако Турција во тие денови почна да говори за премин кон сериско производство од САД пристигна понуда за намалување на цената на овој производ за дури за шест пати. САД цената на умната муниција со висока прецизност за нанесување директни удари JDAM (Џеј-Ди-Еј-Ем) која што претходно ја продаваа за 120 илјади долари, наеднаш ја намалија на 20 илјади долари. Интересно е тоа што и покрај тоа што трошоците не опаднале, оваа цена е намалува до толку ниско ниво. Едната од целите на САД за намалување во значајна мера на цената е да се спречи преминот кон сериско производство на турската  национална умна муниција системот за прецизно водење ХГК-1. Откако се намали оваа цена трошоците за домашно производство станаа за 4,5 пати повисоки. Затоа сериското производство малку доцнеше. Меѓутоа, како потреба на политиката за независна национална одбрана за прилично кус временски период Турција ги започна активностите за сериско производство.

Умната муниција со висока прецизност за нанесување директни удари JDAM (Џеј-Ди-Еј-Ем), односно системите за прецизно водење ХГК-1 беа развиени на крајот од 5 годишни активности на инженерите на Институтот за истражување и развој на одбранбената индустрија при Институцијата за научни и технолошки истражувања на Турција ТУБИТАК. Првото производство на системите за прецизно водење ХГК-1 како први национални системи за прецизно водење кои се внесени во инвентарот на Турските воздушни сили пак беше реализирано во државната фабрика Дирекцијата на Третата фабрика за воздушно одржување. Првото производство беше реализирано во 2013 година од страна на воениот персонал и рабониците во оваа фабрика која делува како воена фабрика во државна сопственост. Бившиот министер за наука, индустрија и технологија Фарук Озлу во говорот што го одржа во ноември 2017 година пред Комисијата за планирање и буџет во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) истакна дека е започнато сериското производство на муницијата систем за прецизно водење ХГК-1. Претходно во светот систем за прецизно водење произведуваа само САД, Русија и Израел. Турција се искачи на позиција на една од четирите земји во светот кои ја произведуваат оваа муниција и тоа истовремено со свои сопствени национални можности. Системите за прецизно водење ХГК-1 беа употребени од страна на Турските вооружени сили (ТВС) во рамките на операциите Еуфратски штит и Маслиново гранче, како и во борбата против тероризмот.

Според информациите дадени од страна на произведувачите располагаат со следните карактеристики: „Воените авионите обичните бомби ги фрлаат од далечина од 5 или 6 километри, додека кај системите за прецизно водење ХГК-1 оваа далечина достигнува до 25 километри. Авионот без да влезе во опасна зона безбедно ја исполнува својата задача. Системот или уредот кој што е дизајниран на начин да може да се поставува на неводени бомби во вид на маска, целта со утврдени координати со помош на сателитски и специјални сензори ја уништува со мошне мало скршнување од само 6 метри. На тој начин можат да се реализираат операции без да се нанесе било каква штета на местата надвор од утврдената цел.“

Системите за прецизно водење кои што се произведуваат со мали трошкови и располагаат со значајни карактеристики денеска се следат со внимателност од страна на голем број земји во светот, а пред се од земјите на Блискиот исток, во Азија и северна Африка.

Тоа беше коментарот на директорот за едукација на Синдикатот Турк Харб-Иш Таркан Зенгин.



Слични вести