Емине Ердоган во Бишкек ја посети Киргиско-турската болница за пријателство

Г-ѓа Емине Ердоган, сопругата на претседателот Р. Т. Ердоган, во Бишкек ја посети Киргиско-турската болница за пријателство за која се очекува наскоро да биде отворена и да биде ставена во услуга на киргиските граѓани

Емине Ердоган во Бишкек ја посети Киргиско-турската болница за пријателство

Сопругата на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Емине Ердоган во главниот град на Киргистан Бишкек ја посети Киргиско-турската болница за пријателство.

Емине Ердоган која го придружува претседателот Реџеп Тајјип Ердоган за време на неговата посета на Киргистан, во главниот град на оваа централноазиска Република Бишкек ја посети Киргиско-турската болница за пријателство која е изградена под водство на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА).

Во оваа пригода г-ѓа Емине Ердоган доби информации од надлежните во врска со опремата со која што располага болницата и посети различни оделенија на оваа болница за киргиско-турско пројателство.

Емине Ердоган се сликаше со надлежните на болницата и им посака побрзо оздравување на болните кои наскоро ќе почнат да се лекуваат во болницата која ќе придонесе во пријателството помеѓу двете земји.

За време на оваа посета г-ѓа Емине Ердоган беше придружувана од Ајѓул Џенбекова, сопругата на киргискиот претседател Соронбај Џенбеков, сопругите на министрите кои се наоѓаат во турската делегација и од киргиски министри и функционери на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА).

Инаки, Киргиско-турската болница за пријателство во Бишкек беше одлучено да биде изградена за време на официјалната посета која што ја оствари претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во 2013 кога ја извршуваше функцијата премиер на Турција и оваа болница наскоро се очекува да биде отворена и ставена во услуга на киргиските граѓани.



Слични вести