Вирусот Западен Нил продолжува да им се заканува на граѓаните на Косово и Албанија

Во случајот што беше забележан во Косово едно лице умре од вирусот Западен Нил

Вирусот Западен Нил продолжува да им се заканува на граѓаните на Косово и Албанија

Смртоносниот вирус Западен Нил кој се пренесува со убод на комарец продолжува да го загрозува здравјето на луѓето во Косово и Албанија.

Здравствените експерти посочуваат дека постои голема веројатност за ширењето на смртоносниот вирус Западен Нил во Косово и Албанија.

Исто така голем е и ризикот за ширење на наведениот вирус по граничните подрачја на двете соседни земји.

Во случајот што беше забележан во Косово едно лице умре од вирусот Западен Нил.

Први на мета на вирусот се децата и возрасните.

Според податоците на Европскиот центар за контрола и превенција на заразни болести, во периодот од 3 до 9 август 2018 година, во Србија од вирусот Западен Нил умреле 9, во Грција, 3, во Италија 1, во Романија 1, во Косово 1.

Кај заразените од вирусот Западен Нил, кој претежно се пренесува со убод на комарци преовладуваат симптомите како што се висока телесна температура, главоболки и болки во мускулите, губење на апетитот, мачнина, повраќање, црвенило на кожата, отечени лимфни жлезди.

Но експертите предупредуваат дека кај 80 насто од заразените не биле забележани никакви симптоми.



Слични вести