Вооружените беспилотни летала се стекнаа со уште една значајна оперативна способност

Безбедносните единици ќе можат да го полетаат беспилотното летало АНКА далеку од местото каде што се наоѓа

Вооружените беспилотни летала се стекнаа со уште една значајна оперативна способност

Како резултат на активностите што беа остварени под координација на Управата за одбранбена индустрија (ССБ), вооруженото беспилотно летало (СИХА) се стекна со уште една оперативна способност.

Успешно завршија тестовите на пукање со муниција од вооруженото беспилотно летало АНКА кое може да се контролира од сателит и националниот сателит МАМ-Л.

Според соопштението кое беше објавено од страна на Управата за одбранбена индустрија, под координација на установата, од страна на Турската компанија за воздухопловна и вселенска индустрија (ТУСАШ) се зголеми оперативната способност на вооруженото беспилотно летало АНКА.

На тој начин безбедносните единици ќе можат да го полетаат беспилотното летало АНКА далеку од местото каде што се наоѓа и да го насочат да ја уништи целта која се наоѓа на поголема оддалеченост.



Слични вести