Поддршка од Русија на активностите на Турција за формирање на сопствена вселенска агенција

Виктор Кладов, директорот за меѓународна соработка и регионални политики на руската државна корпорација за одбранбена индустрија „Ростех“ даде поддршка на активностите на Турција за формирање на сопствена вселенска агенција

Поддршка од Русија на активностите на Турција за формирање на сопствена вселенска агенција

На активностите на Турција за формирање на сопствена вселенска агенција пристигна поддршка од Русија.

Изјавата за поддршка пристигна од Виктор Кладов, директорот за меѓународна соработка и регионални политики на руската државна корпорација за одбранбена индустрија „Ростех“.

Кладов истакна дека со задоволство ја дочекуваат желбата на Турција за развивање на сопствената вселенска индустрија и рече: „Ние сме отворени за соработка во формирањето и развојот на вселенската агенција на Турција.“ 

Инаку, руската државна корпорација за одбранбена индустрија „Ростех“ соработува со други компании во производството на вселенски летала за други земји и во нивното лансирање во вселената.

„Ростех“ е во својство на надлежна компанија на компаниите како што се АвтоВаз и КамАЗ кои располагаат со свои инвестиции и во Турција.

 



Слични вести