Турските научници ќе произведуваат кожа на вештачкиот човек

Со кожата која се состои од различни слоеви и извршува многу значајни животни функции, почнувајќи од траумите како што се изгореници, хируршки зафати, генетски проблеми може да не ја извршува основната функција поради што може да предизвика дури смрт

Турските научници ќе произведуваат кожа на вештачкиот човек

Академскиот кадар на Истанбулскиот универзитет за здравствени науки ќе направат кожа за вештачки човек.

Проектот на научниците на универзитетот доц. д-р Еркан Туркер Боран, д-р Ајдин Тахмасебифар и д-р Бенги Јилмаз за правење кожа на вештачки човек ќе се подржи од страна на Институтот за научно-технолошки истражувања на Турција (ТУБИТАК).

Турските научници се бават со истражувања во сферата на домашни здравствени софтвери, вакцини, производство на лекови, здравствени советодавни услуги и биомедикални инженерски услуги, производство на производи и материјали за правење ткиво.

Со овие активности се предвидува да се даде придонес во развојот на економијата на земјата и да се обезбедат поволни можности за интензивирање на домашно производство на лекови, вакцини, вештачки ткива, медицинска технологија.

Раководителот на проектот доц. д-р Еркан Турќер Боран во врска со проектот рече дека со кожата која се состои од различни слоеви и извршува многу значајни животни функции, почнувајќи од траумите како што се изгореници, хируршки зафати, генетски проблеми може да не ја извршува основната функција поради што може да предизвика дури смрт.

Кожата која беше изгубена како последица на различни трауми или пак инфекција од страна на смртоносни бактерии, предизикуваше под итно затворање на кожата поради што се наложи и неминовна потреба за правење вештачка кожа.

Постигнавме значаен напредок во проектот за правење вештачка кожа. Во рамките на проектот се имплицира пристапот кон ткиво инженеринг и репликација на кожните ќелии во лабораторија, поставување на композитна мембрана и користење на факторите за раст се предвидува да се забрза процесот на регенерација на ткивото, да се добие вештачка кожа која ќе ја оствари функцијата на бариера. Производот кој што ќе го добиеме ќе може да се употребува како покривка на раната или вештачка кожа, рече Боран.



Слични вести