Пазарната вредност на „Apple“ достигна еден трилион долари

Приходите во периодот април-јуни во споредба со истиот период лани се зголемија за 17,3 насто

Пазарната вредност на „Apple“ достигна еден трилион долари

„Apple“ стана првата компанија во светот чија пазарна вредност достигна еден трилион долари.

Според билансот на компанијата, приходите во периодот април-јуни во споредба со истиот период лани се зголемија за 17,3 насто и достигнаа 53,26 милијарди долари.

Компанијата лани во истиот период оствари приходи од 45,41 милијарди долари.

Нето заработката на компанијата во периодот април-јуни минатата година изнесуваше 8,72 милијарди долари, додека годинашнава заработка се зголеми за 32,1 насто и достигна 11,52 милијарди долари.

Во истиот период беше забележан раст на продажбата на паметни телефони и „iPad“ таблети. Според тоа, во овој период продажбата на „iPhone“ се зголеми за 0,6 насто и достигна 41 милион 300, додека продажбата на „iPad“ таблети за 0,9  насто и достигна 11 милиони 553. Продажбата на „Mac“ се намали за 14 насто и изнесува 3 милиони 720 илјади.

 



Слични вести