Познатиот турски хирург Мехмет Оз во Сирија

Посочувајќи дека забележува многу млада популација, д-р Оз изјави: „Тука има илјадници деца. Возрасните се обидуваат да го продолжат животот, но доколку малку не ѝ помогнеме на Сирија, тогаш за тоа ќе бидеме казнети сите ние.

Познатиот турски хирург Мехмет Оз во Сирија

Светски познатиот турски хирург кој живее во Сoединетите Американски Држави, Мехмет Оз, во подрачјето на Азаз во Сирија прегледа неколку деца.

Д-р Оз кој во Сирија дојде во организација на турската Дирекција за управување со кризи и вонредни состојби (АФАД), по средбата во Газиантеп, заедно со претседателот на АФАД, Мехмет Ѓулоглу, и доц. д-р Халит Јеребакан, го премина граничниот премин „Онџупинар“ и влезе во Сирија.

Д-р Оз по преминувањето на подрачјето на Азаз, кое е ослободено во рамките на офанзивата „Штитот на Еуфрат“, ги посети турската болница и училиштата изградени со турска помош. Оз во болницата го разгледа Одделението за очни болести, а со цел да ја тестира опремата, побара поддршка од претседателот на АФАД, Ѓулоглу.

Во дворот на болницата д-р Оз се сретна со девојчето Мусена Аси (13), која по бомбардирањето на нејзиниот дом во сирискиот град Деир ез-Зор има повреди по целото тело. Д-р Мехмет Оз ја прегледа малечката Аси и по информирањето за досегашното лекување на Аси, д-р Оз се консултираше со екипата за потребните естетски операции.

Подоцна д-р Оз им подели подароци на децата, и беше гостин во домот на семејството Јасин. За време на посетата, д-р Оз беше информиран дека малечката Зејнеп (12), член на семејството, има дупка во срцето. Оз го прегледа девојчето. По прегледот, д-р Оз побара поддршка од екипата на АФАД, истакнувајќи дека и тој ќе го даде својот придонес во операцијата на малечката Зејнеп во Турција.

Посочувајќи дека забележува многу млада популација, д-р Оз изјави: „Тука има илјадници деца. Возрасните се обидуваат да го продолжат животот, но доколку малку не ѝ помогнеме на Сирија, тогаш за тоа ќе бидеме казнети сите ние. Овие деца можат во иднина да станат адвокати, доктори или пак, нешто што ние не посакуваме. Затоа, мораме да помогнеме“.

Нешто потоа др. Оз ја даде оваа изјава за дописникот на новинската агенција Анадолија:

„Лицата што денеска ги прегледав во Турција, и претходно биле прегледани, но чекаат да им се повлечат воспаленијата за да можат да бидат оперирани. Едно 12-годишно девојче на кое наидов во Сирија има дупка во срцето. Многу подобро ќе беше доколку тој проблем бил решен многу порано, но не биле во можност, а подоцна избила војната. Оттогаш, таму нема кој да го направи тоа. Во земјата владее глад и војна. Затоа, со помош на АФАД, ќе ја донесеме во Турција. Ако дојде во Турција, ќе можеме да ја оперираме, но доколку не дојде, ќе почине. Потребно е лекување на дупката што ја има во срцето. За децава тука, Турција е единствен спас“.

 



Слични вести