Му се ближи крајот на вселенскиот телескоп Кеплер, ловецот на планети на НАСА

Според веста на веб порталот www.space.com, функционери на НАСА вселенскиот телесок Кеплер кој наскоро ќе состане без гориво и на кој му се ближи крајот на 2 август ќе биде разбуден за да би можел да ги испрати на земјата последните снимени податоци

Му се ближи крајот на вселенскиот телескоп Кеплер, ловецот на планети на НАСА

Американската агенција за вселенски истражувања НАСА соопшти дека вселенскиот телескоп Кеплер кој откри 70 насто од над 3.750 планети за кои што се знаеше дека постојат е ставен во положба на сон.

Според веста на веб порталот www.space.com, функционери на НАСА вселенскиот телесок Кеплер кој наскоро ќе состане без гориво и на кој му се ближи крајот на 2 август ќе биде разбуден за да би можел да ги испрати на земјата последните снимени податоци.

Кеплер беше испратен во вселената во март 2009 година со цел астрономите да би можеле да утврдат колку често се среќаваат во галаксијата Млечен пат планети кои што се слични со нашата планета Земја.

НАСА во месец април го лансираше во вселената и извидувачкиот сателит ТЕСС (сателитска транзитна експлоатациона сателитска мрежа), односно Сателитот за истражување егзопланети, а со цел да се откријат светови слични на Земјата околу ѕвездата во нашиот Сончев систем.

Сателитот ТЕСС во текот на своите извидувачки активности кои што ќе траат две години ќе се обиде да изнајде докази во врска со егзо-планетите кои се наоѓаат во блиските ѕвездени системи надвор од нашиот Сончев систем. 

 



Слични вести