Турција на 18 и 19 октомври ќе биде домаќин на Самитот на министри за здравство од близу 100 земји

На Самитот на министри за здравство што ќе се одржи на 18 и 19 октовмри во познатото туристичко одморалиште Кемер во Анталја ќе учествуваат министри за здравство на близу 100 земји од светот

Турција на 18 и 19 октомври ќе биде домаќин на Самитот на министри за здравство од близу 100 земји

По повод Самитот на министри за здравство што ќе се одржи за прв пат во Турција во земјава ќе допатуваат министри за здравство на близу 100 земји од светот.

Министрите за здравство ќе ја определат патната карта во трансплантацијата на органи и ќе фрлат потпис на декларацијата под наслов „Глобална дипломатија за здравје во борбата против кривични дела во врска со трансплантацијата на органи“.

На самитот што ќе се одржи на 18 и 19 октомври во населеното место Кемер кај Анталја и под покровителство на турското министерство за здравство и под координација на Фондацијата за трансплантација на органи на Турција (ТОНВ) ќе учествуваат министри за здравство од различни континенти од Африка до Европа и од Латинска Америка до Азија.

На самитот ќе учествуваат министри за здравство на близу 100 земји и тоа освен од 76 земји кои учествуваат во активностите кои што се водат во рамките на Меѓународната мрежа за трансплантација на органи ИТН како Сенегал, Нигерија, Кенија, Етиопија, Египет, Малезија, Индија, Пакистан, Мароко, Тунис и Алжир како и земји од Европа кои згрижуваат имигранти. 

Воедно и министерството за здравство на Турција и Меѓународната мрежа за трансплантација на органи ИТН ќе преземат предводничка улога во продолжувањето на соработката по ова прашање.



Слични вести