Турција ја зајакнува својата воздушна одбрана

Со сиот интензитет продолжуваат напорите за развивање на слоевита воздушна и ракетно одбранбена способност на Турција, искористувајќи ги притоа во максимален степен домашните можности

Турција ја зајакнува својата воздушна одбрана

Турција води повеќестрани активности за обезбедување на своите потреби од воздушна одбрана.

Во правец на активностите на патната карта на Турција за воздушна и ракетна одбрана, се развиваат проект модели во правец на развивање на слоевитата воздушна и ракетно одбранбена способност на земјата, искористувајќи ги притоа во максимален степен домашните можности. Во рамките на моделот за домашен развој се водат активности под водство на турските фирми и во случај на потреба со добивање на техничка поддршка во сфери од кои што се има потреба од странски фирми, институции и организации.  

Освен тоа во проектите чии активности за дизајн и развој се завршени се реализираат активности за планирање во правец на периодот на сериско производство во кое ќе заземат ефикасна улога субиндустријата и претпријатијата од мал и среден обем. Со таа цел со искористување на постоечките можности и способности и на другите фирми за одбранбена индустрија на чело со АСЕЛСАН и РОКЕТСАН се спречува и повторувањето на инвестициите и се обезбедува одржливост на секторот за можност за конкурентност во странство.

Едната од најзначајните стратешки цели во правец на воздушната одбрана го сочинува „Ставањето во примена на проектите кои што ќе бидат во услуга на слоевитата воздушна и ракетно одбранбена способност на Турција, искористувајќи ги притоа домашните можности уи способности во правец на секторот на воздушна одбрана.“ 

Во правец на оваа стратегија, обезбедувајќи учество во подработни групи на НАТО и слични активности со соработка во одбранбената индустрија меѓу земјите одблизу се следат методите кои што се употребуваат во светот во врска со развојот и производството на системите за воздушна одбрана.

Земајќи ги во предвид потребите во врска со домашните и извозните верзии на системите кои што се појавуваат во склопот на проектот Хисар се водат активности во правец на издигнување на дострелот до над 40 километри. 

Ракетата воздух-воздух која што ќе се развива во склопот на проектот Ѓоктуг се има за цел да може да се употребува од земјените системи развиени во склопот на проектот Хисар.

Освен тоа ќе бидат завршени тестирањата во правец на интергирање на развиениот систем во склопот на проектот Коркут кон морската платформа. На тој начин ќе се овозможи потребата од систем на командата на поморските сили да се обезбедува од земјата.

Продолжуваат успешните тестирања во проектот Хисар

Успешно беа реализирани тест стрелбите на ракетите за воздушна одбрана Хисар кои се развиени во соработка со АСЕЛСАН и РОКЕТСАН, под координација на потсекретаријатот за одбранбена индустрија.

Ракетите за воздушна одбрана со ниска алтитуда (Хисар-А/15 километри) и средна алтитуда  (Хисар-О/25 километри) чии тест стрелби се реализирани се развиени против авиони со фиксни и ротациони крила, крстосувачки ракети, ракети воздух-земја и беспилотни летала, а со цел одбрана на воените бази, пристаништа, постројки и единици од воздушни закани.

Хисар-А се очекува да биде ставена во употреба во 2020 година, а Хисар-О во 2021 година.

Коркут ќе штити и во морето

Системот Коркут кој што почна да и се предава на командата на копнените сили ќе се користи и во одбраната на воените бродови од ракети. 

Со таа цел системот Коркут-Д кој што е произведен како прелиминарен прототип со поддршка на командата на поморските сили беше интегриран со бродот за обука ТЏГ С.Мехметпаша. Реализираните тестирања со системот ставија до знаење дека Коркут-Д ќе може да се користи за одбрана на бродовите од ракети.

За време на реализираното тестирање со гаѓање Коркут-Д автоматски ги исполни сите функции кои што содржат утврдување, следење и стрелба без интервенција на операторот и со гаѓање на целта која што се доближува од морската површина со висока брзина во вид на ракетен напад, ја уништи истата.

Стратегија за долг дострел

Турција својата потреба од воздушна и ракетна одбрана од долг дострел пак во краткорочен период ќе ја обезбедува со ракетите С-400 кои што ќе ги купи од Русија.

Турција во среднорочен период ќе се усмери кон системи кои што ќе ги развива заедно со другите земји, а воедно Таа заеднички со АСЕЛСАН, РОКЕТСАН и ЕУРОСАМ ги води своите активности за дефинирање на концепт во однос на поразвиен систем од системот за воздушна одбрана САМП-Т.

Во долгорочен период пак се има за цел да се располага со цеосно домашен систем за воздушна и ракетна одбрана од долг дострел. 

 



Слични вести