Турција на Меѓународниот саем за одбрана и безбедност Eurosatory во Париз ќе учествува со 59 фирми

На Меѓународниот саем за одбрана и безбедност Eurosatory кој ќе се одржи од 11 до 15 јуни во францускиот главен град Париз се очекува да учествуваат над 55 илјади учесници

Турција на Меѓународниот саем за одбрана и безбедност Eurosatory во Париз ќе учествува со 59 фирми

Секторот за одбранбена индустрија на Турција на Меѓународниот саем за одбрана и безбедност Eurosatory кој ќе се одржи во Франција ќе учествува со 59 фирми.

На Меѓународниот саем за одбрана и безбедност Eurosatory кој ќе се одржи од 11 до 15 јуни во францускиот главен град Париз се очекува да учествуваат над 55 илјади учесници. На саемот се предвидува да дојдат посетители од повеќе од 100 земји, над 1.500 фирми снабдувачи и близу 250 официјални делегации.

Турција на овој значаен саем ќе учествува со 59 фирми и Унијата на извозниците за одбранбена и воздухопловна индустрија.

На саемот кој што се организира за системи за безбедност и заедничка одбрана на чело со копнени платформи од страна на фирмите учеснички ќе бидат претставени голем број национални производи кои што се појавуваат на преден план, а пред се оклопни копнени возила, оружје, електронски и ракетни системи, симулатори, воени текстилни производи, воена опрема и логистички производи.

Во рамките на овој саем со големо меѓународно учество турските фирми се очекува да остварат и разговори со делегациите на домаќинот Франција, Велика Британија, Боцвана, Кенија, Бахреин, Камерун, Кувајт, Нигерија, Оман, Катар, Саудиска Арабија, Сенегал, Јужна Африка, Тунис, Филипините, Чиле, Колумбија, Словачка, Црна Гора, Литванија, Чекја, Полска и Романија.



Слични вести