Безбедни мобилни телефони со домашна и национална технологија за турската армија

Интензивно продолжуваат работите за зајакнување на Турските вооружени сили (ТВС) со производи кои што ќе располагаат со домашна и национална технологија

Безбедни мобилни телефони со домашна и национална технологија за турската армија

За персоналот на Турските вооружени сили (ТВС) ќе се произведуваат домашни мобилни телефони со кои што за време на својата задача ќе можат безбедно да реализираат аудио и видео разговори, да испраќаат моментални-повеќекратни и групни пораки и да споделуваат локација.

Интензивно продолжуваат работите за зајакнување на Турските вооружени сили (ТВС) со производи кои што ќе располагаат со домашна и национална технологија.

Во тој контекст во период кога се ставаат во примена голем број проекти продолжуваат и работите за развивање на нови проекти.

Меѓу проектите за кои станува збор се наоѓа и проектот „Безбеден мобилен телефон“.

При започнување на работите за планирање на новиот проект во рамките на проектот се има за цел да се развијат безбедни мобилни телефони кои што ќе располагаат со способности за водење на аудио и видео разговор, испраќање на моментални-повеќекратни и групни пораки и споделување на локација. 

Во мобилните телефони се планира да се користи апликација за комуникација развиена со национална технологија.

Телефоните за кои станува збор се планира првенствено да му се доделат на персоналот на Турските вооружени сили (ТВС) на критични задачи и да се користат за време на операции.

За употреба од страна на Турските вооружени сили (ТВС) се очекува да биде ставен во примена и проектот „Безбеден сателитски телефон“

Во рамките на проектот се има за цел на единиците кои оперираат да им се овозможи безбедна и постојана комуникациска средина независно од географијата каде се наоѓаат.

Како друга цел во проектот привлекува внимание и сериското производство на безбедните сателитски телефони. 

 



Слични вести