Домашниот тенк Алтај ќе излезе на терен по 18 месеци

Потсекретарот за одбранбена индустрија Исмаил Демир истакна дека тенкот Алтај од домашно производство ќе излезе на терен по 18 месеци и дека сериското производство на овој тенк ќе се започне со 250 тенка

Домашниот тенк Алтај ќе излезе на терен по 18 месеци

Тенкот Алтај од домашно производство ќе излезе на терен по 18 месеци .

Потсекретаријатот за одбранбена индустрија излегува на пат со претенциозни цели во проектот за премин кон сериско производство на главниот борбен тенк Алтај и развивање на мотор за овој тенк.

Потсекретарот за одбранбена индустрија Исмаил Демир даде изјава на саемот „Eurasia Airshow 2018“ којк се одржува во Анталија под покровителство на претседателот на Републиката.

Притоа Исмаил Демир даде информации во врска со процесот кој што ќе се следи по одлуката за започнување на разговорите за договор со компанијата BMC во проектот за премин кон сериско производство на тенкот Алтај и развивање мотор за овој тенк.

Демир истакна дека сериското производство на тенкот ќе се започне со 250 тенка, дека проектот ќе одигра значајна улога во секторот на оклопни возила и дека ќе им се обезбеди значаен придонес на фирмите и споредната индустрија. 

„Ќе го произведеме мошне брзо, немаме друга шанса. По 18 месеци очекуваме нашиот тенк да излезе од производствената лента. Имаме ена мошне мошне претенциозна цел.“ - рече потсекретарот за одбранбена индустрија Исмаил Демир.

 



Слични вести