60 насто од фалсификуваните лекови се користат против маларија и бактериолошките инфекции

Пневмонијата е една друга болест поради што се расте ризикот на смртните случаи од фалсификуваните лекови

60 насто од фалсификуваните лекови се користат против маларија и бактериолошките инфекции

60 насто од фалсификуваните лекови се користат во лекувањето против инфекциите од маларија и бактериолошки инфекции

Светската здравствена организација соопшти дека 11 насто од лековите што се продаваат во сиромашните и земјите во развој се фалсификувани, поради што поголемиот број од смртоносните случаи кај децата предизвикани од маларија и пневмонија во суштина се последица на фалсификуваните лекови или лекови под предвидените стандарди.

Научниците на Универзитетот во Единбург и Медицинското училиште за хигиена и тропски клими во Лондон, во рамките на испитувањата што ги извршија во името на Светската здравствена организација тестираа над 48 илјади лекови и извршија над 100 анализи.

Во анализите беше утврдено дека 11 насто од лековите не добиле одобрение од надзорните тела, дека се под стандардите за квалитет или во содржината не содржат активни супстанции.

Над 60 насто од фалсификуваните лекови се состојат од лекови кои се употребуваат против маларијата и бактериолошките инфекции. Секоја година како последица на фалсификуваните лекови во сиромашните земји умираат од 72 до 169 илјади деца.

Од друга страна пак, пневмонијата е една друга болест поради што се расте ризикот на смртните случаи од фалсификуваните лекови.

Во земјите на Супсахарска Африка како последица на фалсификуваните лекови секоја година умираат уште 116 илјади деца.



Слични вести