Во 2023 година планираме да полета националниот борбен авион ТФ-ИКС

Системот на одбранбени ракети од типот С-400 во Турција ќе пристигне во 2019 година

Во 2023 година планираме да полета националниот борбен авион ТФ-ИКС

Министерот за национална одбрана Нуреттин Џаникли рече дека во 2023 година планираат да полета националниот одбранбен авион „ТФ-ИКС“.

Министерот Џаникли кој престојува во придружба на премиерот Бинали Јилдирим во посетата на Лондон, одговараше на прашањата на новинарите. Во врска со националниот борбен авион ТФ-ИКС, министерот Џаникли рече дека тоа е многу значаен проект за Турција. Потребните етапи на тоа поле ќе ги оствариме за најкратко време. Нема да има никакви задоцнувања. Не сакам да дадам конкретен датум, но моменталната цел е борбените авиони да ги полетаме во 2023 година.

Проектот се појави како потреба на Турција и од низа земји беше обезбедена подршка во трансфер на технологија. Во продолжение Џаникли рече дека и Велика Британија беше вклучена во рамките на овие проекти.

Системот на одбранбени ракети од типот С-400 во Турција ќе пристигне во 2019 година, рече Џаникли и потенцираше:

„Нема проблеми со испораката на ракетите, Таа работа заврши. Како што рече претседателот, целата контрола во врска со употребата на ракетите ќе биде во наши раце. Ќе се промени системот на препознавање на пријателите и непријателите. Што значи дека нема да има никаква закана за НАТО. Иако не е интегриран со системот на НАТО; не претставува опасност“ рече министерот Џаникли.



Слични вести