Турското оклопно возило „Парс“ успешно го помина тестот на гаѓање

Оклопното возило ги покажа вештините на гаѓање со тешки теренски услови, способноста на подвижност и гаѓање на различни цели

Турското оклопно возило „Парс“ успешно го помина тестот на гаѓање

Возилата кои ги произведува турската одбранбена индустрија продолжуваат да будат восхитување.

Тактичкото оклопното возило на тркала „Парс“  од домашно производство успешно го помина тестот на гаѓање во Оман.

Тестот на гаѓање на „Парс“ се оствари на полигонот за гаѓање и тест на Кралските копнени сили на реката Низва.

Оклопното возило ги покажа вештините на гаѓање со тешки теренски услови, способноста на подвижност и гаѓање на различни цели.

Вежбата беше проследена од страна на Командантот на Кралските копнени сили и низа нејзини високи офицери.

Во рамките на договорот кој беше постигнат со Оман, до 2020 година на оваа земја се предвидува да и се предадат 172 тактичко оклопни возила од типот Парс.



Слични вести