Хранлива состојка која го забавува стареењето

Овие антиоксиданти помагаат во неутрализацијата на неповолното влијание на стресот врз човечкото тело

Хранлива состојка која го забавува стареењето

Според американските научници, редовната консумација на горските печурки го забавуваат стареењето.

Според информацијата која беше објавена на веб страницата на универзитетот Пенсилванија, научниците во горската печурка откриле два антиоксиданти и тоа ерготионеин и глутатион кои го забавуваат стареењето.

Овие антиоксиданти помагаат во неутрализацијата на неповолното влијание на стресот врз човечкото тело.

Професорот Роберт Белман од универзитетот Пенсилванија рече дека антиоксидантот ерготионеин е многу поотпорен на високи температури, потенцирајќи дека термичките процеси не влијаат врз процентот на антиоксиданттие во печурките.



Слични вести