„Јаху“ соопшти дека околу три милијарди корисници биле хакирани во кражбата на податоците

Хакерите не можеа да ги украдат податоците за кредитните картички и банкарските депозити.

„Јаху“ соопшти дека околу три милијарди корисници биле хакирани во кражбата на податоците

Интернет компанијата „Јаху“ соопшти дека околу три милијарди корисници биле хакирани во кражбата на податоците од страна на хакерите.

По продажбата на компанијата на американската телекомуникациска компанија Веризон, јаху беше дел на огранокот оат на истата компанија и во хакерскиот напад во 2013 година, биле хакирани над 3 милијарда корисници.

Во соопштението кое беше објавено на веб страницата на интернет на оат беше истакнато дека во хакерскиот напад во декември 2016 година околу 1 милијарда корисници биле изложени на кражба на податоците и дека во тие рамки како последица на новите истраги што беа спроведени, овој настан неповолно се одрази врз сите корисници.

Во соопштението беше истакнато дека како последица на сајбер нападот во август 2013 година, над 3 милијарди корисници на јаху биле изложени на сајбер напад.

Во соопштението беше истакнато дека хакерите не можеа да ги украдат податоците за кредитните картички и банкарските депозити.

Продажбата на Јаху на американската телекомуникациска компанија Веризон за 4,5 милијарди долари заврши во јуни.



Слични вести