Развиени антитела против вирусите на СИДА

Во 2018 година се предвидува да започне тестирањето на антителото врз луѓето

Развиени антитела против вирусите на СИДА

Развиени антитела кои 99 насто ги напаѓаат вирусите на болеста СИДА (Синдром на стекнат имунолошки дефект).

Антителото кое беше развиено како резултат на заедничката соработка меѓу Американските национални здравствени институции и фармацевтската компанија „Sanofi“, 99 насто ги напаѓа ХИВ-типовите и ја спречува инфекцијата кај приматите.

Научниците силното антитело кое беше развиено со соединување на три слични го инјектираа во телата на 24 мајмуни. Потоа кај истите животни на кои им беше инјектиран вирусот ХИВ, немаше траги на заболување од АИДС.

Во 2018 година се предвидува да започне тестирањето на антителото врз луѓето.

Деталите во врска со резултатите од истражувањето кое беше подржано од страна на Медицинскиот факултет во Харвард, Институтот за истражување „Scripps“ и Масачусетскиот технолошки институт беа објавени во списанието „Science“.



Слични вести