Гугл ги зголеми инвестициите во паметните телефони

Гугл постигна договор со тајванската телефонска компанија ХТЦ вреден 1,1 милијарда долари

Гугл ги зголеми инвестициите во паметните телефони

Интернет гигантот Гугл кој ги зголеми инвестициите во паметните телефони, постигна договор со тајванската телефонска компанија ХТЦ вреден 1,1 милијарда долари.

Според договорот, Гугл од компанијата ХТЦ нема да купи акции , но дел од вработените во ХТЦ ќе се приклучат кон Гугл.

Договорот се очекува да стапи на сила од почетокот на 2018 година. За тоа треба да се земат одобренија од регулаторните органи.

Со овој потфат се очекува Гугл да го зголеми капацитетот на ефикасноста на опремата.

Компанијата ХТЦ која на времето важеше за еден од најзначајните актери на телефонскиот пазар, во последно време се соочи со одредени тешкотии во конкуренцијата со Apple и Samsung.

Во четврток беше суспендирана купопродажбата на акциите на компанијата ХТЦ на тајванската верза.



Слични вести