Сајбер нападите продолжуваат да застрашуваат

Во сајбер напад на „Equifax“ украдени податоци на 143 милиони лица

Сајбер нападите продолжуваат да застрашуваат

Последната цел на хакерите беше американската компанија за кредитни известувања „Equifax“.

Компанијата соопшти дека како последица на сајбер нападот биле украдени податоците на околу 143 милиони клиенти.

Меѓу информациите кои истекле се наоѓаат имињата, броевите на социјално осигурување, датум на раѓање и возачките дозволи на клиентите.

По објавувањето на соопштението на берзата дојде до пад на цената на кациите.

Експертите истакнуваат дека крадењето на личните податоци на 143 милиони лица е сериозен безбедносен проблем.



Слични вести