На 7 милиони луѓе во Јемен им се заканува смрт од глад

Две третини од народот на Јемен има потреба од хуманитарна помош и заштита

На 7 милиони луѓе во Јемен им се заканува смрт од глад

ОН соопшти дека на 7 милиони луѓе во Јемен им се заканува смрт.

Во извештајот на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарната помош што беше објавен на веб страницата на интернет се истакнува дека бројот на децата под 5 годишна возраст во Јемен, една од земјите во која најмногу се доживува најголема хуманитарна кризи во светот изнесува 2,3 милиони.

Две третини од народот на Јемен има потреба од хуманитарна помош и заштита, а исто така потребите од храна, чиста вода за пиење и здравствените услуги се наоѓаат меѓу итните потреби на земјата.

Во извештајот се објавени и интервјуата со членовите на семејствата на кои се сместени во бегалските кампови во околината на Хамир кај Амран. Во извештајот се истакнува дека невините луѓе биле изложени на неповолното влијание на војната, над 3 милиони луѓе побегнале од земјата, а над 2 милиони биле принудени да се иселат во други места.

Во извештајот е направена и проценка на епидемијата од колера и се потенцира дека поради недоволните основни здравствени услуги, за жал луѓето умираат дури од излечиви болести.



Слични вести