Во 2050 година во океаните ќе има повеќе пластични отпадоци отколку риби

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш предупреди на големата опасност која им се заканува како никогаш досега на океаните и рече дека ако до 2050 година ништо не се преземе во океаните ќе има повеќе пластични отпадоци отколку риби

Во 2050 година во океаните ќе има повеќе пластични отпадоци отколку риби

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш предупреди на големата закана која им се заканува како никогаш досега на океаните и рече дека ако до 2050 година ништо не се преземе во океаните ќе има повеќе пластични отпадоци отколку риби.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш во говор на Светската конференција посветена на океаните што се одржа во седиштето на ОН во Њујорк а под покровителство на Генералниот секретаријат на ОН со цел поддршка на иницијативата за Обновлив развој до 2030 година, предупреди на опасноста која им се заканува на океаните од загадување. Гутереш рече дека загаденоста, претераното ловење и климатските промени предизвикуваат длабоки рани на океаните.

На првиот ден од Светската конференција посветена на океаните учествуваа претседатели на држави или на влади, министри, дипломати и активисти за зачувување на природата од над 200 земји.

Генералниот секретар Гутереш рече дека зачувувањето на еколошката рамнотежа во океаните значи зачувување на самиот живот. 

Во дискусиите акцентот беше ставен на опасноста од секојдневната употреба на пластични ќесиња и другите пластични предмети кои на најстрашен начин ја загадуваат природата.

Повеќето од учесниците во дискусијата на чело со претседателот на Боливија Ево Моралес го критикуваа американскиот претседател Доналд Трамп кој минатата недела соопшти дека САД се повлекуваат од Париската конференција за климата.

Турција на светската конференција за океаните ја претставија високи делегации од Министерството за транспорт,поморство и комуникации и Министсерството за природна околина и урбанизам.

 

trt/aa/gedik



Слични вести