Мајчиното млеко стана лек против ракот

Супстанцијата „Хамлет“ за само неколку дена по инјектирањето врз болните го покажува своето успешно дејствување и ги уништува заболените ќелии

Мајчиното млеко стана лек против ракот

Според резултатите од едно истражување во Шведска, супстанцијата „Хамлет“ која се наоѓа во мајчиното млеко успешно го спречува развивањето на канцерогените ќелии.

Специјалистот за имунитет на универзитетот Лунд професор Катарина Сванборг истакна дека ова откритие го открила за време на истражувањата кои ги вршела врз антибиотиците.

Според откритието, супстанцијата Хамлет за само неколку дена по инјектирањето врз болните го покажува своето успешно дејствување и ги уништува заболените ќелии.

Професорката Сванборг рече дека капацитетот на супстанцијата Хамлет е магична. Мајчиното млеко со посредство на протеинот „alphalactalbumin“, откако ќе пристигне во грлото се трансформира во агент кој се бори против ракот.



Слични вести