Бил Гејтс предупреди на заканата од билиошки тероризам

Од микробите кои ги произведуваат терористите, за само една година животите можат да ги загубат околу 30 милиони луѓе

Бил Гејтс предупреди на заканата од билиошки тероризам

Еден од најбогатите луѓе на светот, бизнисмен, претприемач и основач на Микрософт Бил Гејтс рече дека терористите во претстојните години би можеле да имаат пристап до биолошкото оружје кое располага со капацитет за масовно убиство на милиони луѓе.

Во говорот на конференцијата на „Royal United Services Institute in London“ (RUSI) во Лондон, Бил Гејтс предупреди на опасноста од биотероризмот.

Гејтс рече дека како последица на микробите кои ги произведуваат терористите, за само една година животите можат да ги загубат околу 30 милиони луѓе.

Гејтс на сличен состанок во Минхен исто така предупреди на можност од заканата од биотероризмот и рече дека во случај да не се преземат потребните превенции и мерки, евентуалните напади би можеле да се остварат во претстојните 10 до 15 години.

Гејтс меѓудругото предупреди на потребата и значењето за подготвување и проширување на складиштата на земјите во борбата против овој вид напади.



Слични вести