Во Кина запленети 1 тон слонова коска

Цариниците откриле 1 тон слонова коска, 73 килограми рогови на носорог и 1 тон скапоцени камења жад

Во Кина запленети 1 тон слонова коска

Во провинцијата Хејлонгџијанг во североитокот на Кина биле откриени 1 тон слонова коска.

При контрола на два товарни камиона на пат за Русија за кои било декларирано дека превезуваат сојино зрно,полицијата се посомневала во содржината на товарот бидејќи едниот камион бил потежок од другиот.

По деталниот преглед на камионите во посебни скриени делови цариниците откриле 1 тон слонова коска, 73 килограми рогови на носорог и 1 тон скапоцени камења жад.

На полицијата веднаш и станало јасно дека прекинала зинџир на шверц на слонова коска за кој подоцна се воспоставило дека е најкрупен во последните години.

Веднаш бил упасен возачот на камионот каде била пронајдена шверцуваната стока.

Научниците претпоставуваат дека Сибир била постојбина на мамутите во Ледениот период.Со топење на снегот кој што ги покрива тундрите се појавуваат и мамутските скелети кои многу лесно стигнуваат до рацете на ловџиите и шверцерите.

 



Слични вести