Уште една штета на Кока Кола

Во океаните не остана место за пластичните шишиња на Кока Кола

Уште една штета на Кока Кола

Уште една штета на Кока Кола

Еден британски весник го испита влијанието на пластичните шишиња на Кока Кола врз океаните.

Според дописникот за животна средина Том Бауден, штетата што ја нанесува пластичните шишиња навистина е шокантна.

Компанијата Кока Кола која има 500 различни марки секоја година продава над 100 милијарди пластични шишиња со еднократна употреба.

Иако Кока Кола не објави ниту еден податок за тоа колку пластични шишиња продава секоја година, Бауден во рамките на испитувањето утврди дека компанијата секоја секунд продава по околу 3500 пластични шишиња за еднократна употреба.

Лидерот на Партијата на Зелените во Британија Каролина Лукас во интервјуто за весникот во врска со прашањето рече дека политиката на немарно загадување на Кока Кола е вистински скандал.

Океанскиот ветеран активист на Гринпис  Луиз Еџ во врска со улогата на Кока Кола во кризата со пластичното загадување рече избегнува да преземе одговорност и дека во океаните не остана место за пластичните шишиња на Кока Кола.



Слични вести