Турски пилот леташе на небото на САД

Турски пилот на борбен авион во рамките на обуката за летови во САД, го оствари првиот лет со авионот од типот Ф-35.

Според писменото соопштение кое беше објавено од страна на Генералштабот, првиот лет на турскиот пилот на борбениот авион од типот Ф-35 во рамките на обуката за летови на нашите пилоти беше остварен на 28 август 2018.

Првото предавање на авионите од типот Ф-35 согласно програмата чиј партнер е и Турција се одржа во јуни во Форт Ворт во Тексас.

Турција планира постепено да се снабди со 100 авиони од типот Ф-35.

Со пристигнувањето на првата пратка авиони во ноември 2019 година, во 2020 година ќе започнат активностите за обука.