Илхам Алијев пречекан со високи државни почести од страна на Ердоган

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган, азербејџанскиот претседател Илхам Алијев кој престојува во официјална посета на Турција го пречека со високи државни почести.

Претседателот Ердоган, азербејџанскиот претседател Акијев го пречека на главната порта на влезот на претседателскиот дворец.

По пречекот и заземањето на местата на церемонијата, во придружба на националните химни беа испукани по 21 топовски истрел.

На свеченоста првпат од страна на воениот оркестар беше интонирана песната Џан Азербејџан.

По тет-а тет средбата и претседавањето со состанокот на Високиот совет за соработка на двете земји, беа потпишани нови договори за соработка. Веднаш потоа Ердоган и Алијев одржаа заедничка прес конференција.

Претседателот Ердоган во чест на претседателот Алијев приреди свечен ручек.

По претседателските избори на 11 април во Азербејџан, азербејџанскиот претседател Алијев првата надворешна посета ја оствари на Турција.

Во рамките на посетата, на средбите ќе бидат разменети мислења во врска со можностите за зајакнување на билатералните односи, како и актуелните регионални и меѓународни прашања.