Ердоган пристигна во Јоханесбург

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган пристигна во Јоханесбург, главниот град на Јужноафриканската Република каде што ќе учествува на 10-от Самит на БРИКС (чии членки се Бразил, Русија, Индија, Кина, Јужноафриканската Република).

Ердоган на меѓународниот аеродром О.Р. Тамбо беше пречекан од страна на министерот за трговија на Јужноафриканската република Роб Дејвис, амбасадорот на РТ во Преторија, Елиф Чомоглу Улѓен и низа високи бирократи.

Претседателот Ердоган ќе учествува на самитот на БРИКС и во тие рамки ќе одржи средби со лидерите на земјите членки на организацијата и земјите гости. Ердоган ќе ги прими претставниците на турската заедница што живее во оваа земја, угледните бизнисмени и идејните лидери на муслиманската заедница.

Ердоган ќе ја отвори новата зграда на амбасадата на РТ во Преторија.