Зголемен бројот на загинатите во земјотресот во Индонезија

Бројот на загинатите во земјотресот со јачина од 7 степени што го погоди источниот индонезиски остров Ломбок се зголеми на 131 лице.

Портпаролот на националната агенција за управување со ризици од природни катастрофи (BNPB) Сутопо Пурво Нугрохо рече дека во земјотресот беа повредени 1 477 лица, додека над 156 илјади лица биле евакуирани на безбедни места.

Нугрохо меѓудругото рече дека освен куќите, во земјотресот биле оштетени околу 43 илјади објекти меѓу кои училишта и џамии.

Продолжуваат активностите за пребарување и спасување на екипите, додека властите повикуваат на донации за настраданите особено во храна и вода за пиење.

Агенцијата за метеорологија, клима и геофизика на Индонезија (БМКГ) го укина алармот за цумани по земјотресот со јачина од 7 степени што се случи а 27 км североисточно од Ломбок и на длабочина од 15 км.