Во врска со расистичкиот напад врз градоначалникот на Солун Бутарис се приведени четири лица

Градоначалникот на Солун Јанис Бутарис кој најпрвин беше вербално нападнат од страна на група расисти и со исвиркување беше подложен на притисок за да го напушти протестот, потоа беше нападнат и физички од страна на повеќе од 10 расисти.

Бутарис беше тепан со клоци, срушен на земја, удиран во главата и насекаде по телото, по што беше префрлен во болница